интонира | св. и несв.

Даде, дава интонација, основен тон, започне, започнува со пеење или свирење.

интрига | ж.

Вешто смислена приказна за некого за да се постигне некоја цел; сплетка, лукавство, измама. Со лаги и интриги ни ја презедоа работата. Плетеше интриги само за да предизвика раздор меѓу нив.

интригант | м.

Лице што прави интриги, што подметнува невистини; сплеткар. Работејќи со кавгаџии и интриганти ја загубив довербата во луѓето.

интригира | несв.

Прави интриги, сплетки, збрки. Тој е способен да интригира, да измислува лаги и сплетки.

интровертен | прид.

Што е свртен кон себе, што е затворен во себе; повлечен. Интровертен карактер. Интровертен човек.

интровертиран | прид.

Затворен во себе пред другите луѓе.

интроспективен | прид.

Што се однесува на интроспекција. Интроспективен метод.

интроспекција | ж.

Непосредно набљудување на својот внатрешен живот, анализирање на сопствените дела и постапки, длабоко понирање во себе; самонабљудување, самоанализирање.

интуитивен | прид.

Што се однесува на интуиција, што се заснова на интуиција.