инфилтрира | св. и несв.

Изврши, врши инфилтрација, навлезе, навлегува, вовлече, вовлекува.

инфинитив | м.

Неопределена глаголска форма што именува дејство, состојба без да укаже на лице, број или време.

инфинитивен | прид.

Што се однесува на инфинитив. Инфинитивна форма.

инфицира | св. и несв.

Предизвика, предизвикува инфекција, зарази, заразува.

инфицираност | ж.

Состојба на тој или на тоа што има инфекција.

инфлација | ж.

(екон.) Состојба кога во стоковно ‒ паричните односи ќе се јават многу повеќе пари во оптек и одобрени кредити наспрема мало количество на стоки и услуги што се нудат на пазарот; дефлација.

инфлуенција | ж.

Влијание.

информативен | прид.

Што дава информации, што известува за нешто. Информативен центар. Информативна програма. Статијата имаше информативен карактер.

информатика | ж.

Наука за собирање, обработка, чување и пренос на информации со употреба на електронски апарати (компјутери).

информатичар | м.

Лице што се занимава со информатика.