искористеност | ж.
Состојба на тој што е искористен или на тоа што е искористено.
искористи | св.
Извлече корист од нешто или од некого. Ја искористи секоја стапка од земјата. Таа ги искористи најновите научни сознанија за да ја докаже својата теорија. Него го користат кога им треба стручна помош.
искорне | св.
искорени_1 Со раце ја искорна тревата во градината.
искоси 1 | св.
Исече трева и сл. со коса, заврши со косење. Дедо ми ја искоси ливадата.
искоси 2 | св.
Постави нешто во коса положба, направи да биде косо или да изгледа како да е косо.
искоси 3 | св.
Нервира, секира некого многу. Ја искоси жената коцкајќи се.
искосо | прил.
Откосо. Ја гледаше искосо.
искоти се | св.
За животни што се котат ‒ се породи, заврши со котењето. Зајачицата се искоти.
искоцка | св.
Со коцкање изгуби сè, до крај; прокоцка. Ги искоцка парите и сè што имаше.
искочи | св.
Излезе. Искочив заедно со сестра ми во град.