искошка | св.
Со кошкање истурка нешто.
искра | ж.
Многу ситна светкава или усвитена честичка што се изделува од нешто што гори или при удар на тврди тела. Од ковачницата вивнаа искри и за миг пламна целиот крај.
искраде | св.
Украде, ограби сè, до крај. Старата управа ја искраде фирмата.
искрадне се | св.
искраен | прид.
Последен, подалечен, краен. Доаѓаа кај него селанки дури од искрајните охридски села.
искрака | св.
искрај | предл.
Покрај.
искраја | прил.
искрвави | св.
Ја изгуби сета крв. Болниот искрвави.
искрви се | св.
Се пресметува, се кара, се тепа до пролевање на крв. Тие се раскарани меѓу себе, самите ќе се искрват и ќе ни паднат нам пред нозе.