исплете | св.

Заврши со плетење. Бабата исплете џемперчиња за внуците. Пајакот исплете пајажина над вратата.

исплетка | св.

Заплетка, направи нешто да биде заплеткано. Ги исплетка конците.

исплива | св.

Излезе на површината на водата пливајќи. Падна од голема височина и едвај исплива на површината.

исплиска | св.

Наводени некого или нешто, испрска. Автомобилот помина низ вирчето со сета брзина и ги исплиска минувачите. Ја исплискаа со ладна вода и таа се освести.

исплови | св.

Почне да плови, излезе од пристаниште, тргне на пат по вода. Бродот исплови пред еден час.

исплука | св.

Со плукање исфрли нешто од устата. Ја исплука семката далеку од себе. Исплука крв.

исплуска | св.

Направи плускавец. Си ги исплуска рацете.

испоапси | св.

Уапси повеќемина истовремено. Да бегаме зашто сите ќе нè испоапсат!

испобаци | св.

Бакне некого повеќепати. Го испобаци детето.

испобеди | св.

Победи повеќе противници. Нашата екипа ги испобеди сите противници досега и заслужено стигна до финалето.