испобеси | св.

Обеси повеќемина. Ги испобесија сите што ги фатија.

испобрка 1 | св.

Измеша нешто во голема мера. Ги испобркавме патиштата и се изгубивме во шумата.

испобрка 2 | св.

Избрка повеќемина. Дождот ги испобрка летувалците од плажата.

испобудали | св.

Придонесе некој да побудали во голема мера. Ме испобудалија сите овие сплетки.

исповади | св.

Извади од нешто многу предмети. Исповади од фиоката сè што му дојде до рака, но не го најде писмото.

исповала | св.

Извала многу предмети. Ги исповала набрзина колачите во ореви.

исповед | ж.

Покајување за гревовите што ги признава верникот пред свештеник. По исповедта почувствува олеснување.

исповеда | св.

За духовно лице ‒ ислуша нечија исповед и даде простување на гревот. Дојде попот и го исповеда.

исповедалница | ж.

Мала просторија во црква каде што се одржува исповед.