исправка | ж.
Белешка со која се исправа некоја подробност во објавен текст. Исправките ќе ги објавиме на крајот на изданието.
исправувач | м.
Апарат што ја претвора наизменичната во права струја.
испразни | св.
Направи нешто да биде празно, извади сè од некаде, истури сè до крај. Го испразни шишето.
испраксира | св.
Извежба, усоврши нешто. Го испраксира ракувањето со новата машина.
испраси | св.
Донесе на свет прасиња. Свињата испраси пет прасиња.
испрати | св.
Прати некому нешто преку посредник (по пошта, по друго лице и др. Го испрати писмото. Ти испратив некои книги по брат ми.
испратница | ж.
Сметководствен документ со кој се потврдува испраќање на нешто. Ја предаде испратницата за стоката.
испраша | св.
а) Постави некому повеќе прашања за сè што сака да дознае, се распраша. Го испрашаа за сите дома, како се и што прават. б) Праша повеќемина. Ги испраша сите дојденци за него.
испраши 1 | св.
Направи нешто да биде прашливо. Кога доаѓаше ги испраши новите чевли.
испраши 2 | св.
Со копање отстрани непотребни, штетни растенија околу некоја земјоделска култура или околу цвеќе. Го испраши кромидот.