испрсне | св.
Прсне, пукне со прскање. На нозете ѝ испрснале капилари. Очите ќе ти испрснат од гледање.
испрти | св.
Направи прт во снег;
испружи | св.
Оптегне нешто колку што е долго. Ја испружи раката колку што можеше, но не можеше да ја дофати кутијата.
испрчи | св.
Истакне дел од телото (гради, мев), заземе надмен став. Ги испрчила градите.
испуди | св.
Избрка некого; Тој си ја испуди жената.
испука | св.
Добие многу пукнатини по површината. Устата му испукала. Од студот ѝ испукаа рацете. Земјата испукала од суша.
испули (се) | св.
Го испули од глава до петици. Се испули наоколу.
испумпа | св.
Исцрпи со пумпање, истисне определено количество течност. Ја испумпаа водата од поплавената визба.
испупчен | прид.
Што е издаден нанапред. Образите му беа испупчени.
испупчи | св.
Направи нешто да биде поиздадено, да биде понапред од нешто друго, Ги испупчи усните како за плачење.