истапи 2 | св.

Направи нешто да биде тапо; изаби. Ја истапив секирата цепејќи дрва.

истапка | св.

Набие нешто. Играјќи си, децата ја истапкаа целата бавча. Го истапка тестото во тепсијата и го стави да се пече.

истарашка | св.

Измеша, испреврти сè барајќи нешто. Насилно влегоа во куќата, истарашкаа сè и отидоа.

истатни | св.

Истатнија неколку грмотевици една по друга.

истега | несв.

истегне | св.

а) Со тегнење направи нешто да биде подолго. Га истегна кората до потребната големина. б) (прен.) Протегне. Ги истегнаа вратовите за да видат подобро. Ги истегна нозете на каучот.

истек | м.

истече, истекување; дотек. Истекот е слаб, можно е прелевање на водата.

истекне ми (ти му...) | св.

Неочекувано падне на памет; ми. Му истекна уште нешто.