истекува | несв.

истели | св.

За крава ‒ роди теле; отели. Кравата истели здраво, машко теле.

истенка | св.

Испушти звуци на стенкање. Човекот истенка од болка.

истенчен | прид.

истепа | св.

Силно, многу натепа некого. Се собраа тројца и го истепаа.

истера | св.

Избрка некого од некаде. Го истераа од училиште.

истерувач | м.

Тој што истерува, што се занимава со истерување. Истерувач на духови. Истерувач на неканети гости.

истетерави се | св.

Излезе однекаде со тетеравење. Од грмушките се истетерави пијаниот.

истетовира | св.

Го истетовираа за два часа.