истагари се | св.

Се направи важен, се надуе; .

истагува | св.

Истагува таа по него.

истажи | св.

Престане да тажи. Брзо го истажија и го заборавија.

истакнат | прид.

Што се издвојува, што е познат во јавноста по некоја особеност (храброст, дарба и сл.). Истакнати собирачи на народни умотворби. Истакнат научник. Истакнат борец.

истакне | св.

а) Постави нешто на видно место. Распоредот на часови е истакнат на огласната табла. б) Постави нешто понапред или повисоко од нешто друго. Низ целиот град високо ги истакнаа знамињата.

Истанбул | м.

Град во Турција.

истанчен | прид.

Глаголска придавка од истанчи.

истанчи | св.

Направи нешто да биде танко.

истап | м.

Чекор напред пред група луѓе; истапување. Неговиот истап пред стројот сите ги изненади.

истапи 1 | св.

Направи чекор напред, излезе пред група луѓе. Тој истапи пред сите без многу мислење.