истребувачки | прид.
Што има карактер на истребување. Истребувачка војна.
истрезни | св.
Доведе некого во трезна состојба. По два часа успеаја да го истрезнат.
истрел | м.
Испукување на муницијата од огнено оружје. Со истрели во воздухот им даде сигнал.
истрела | св.
Испука, заврши со стрелање. Четата истрела почесен плотун.
истренира | св.
истресе | св.
Со тресење исчисти од прав. Го истресе килимот.
истресок | м.
Последно дете од некој брак. Оној мој истресок, најмалата ќерка само проблеми ми прави.
истрешти | св.
Силно одекне; Истрештија топовски истрели.
истрие | св.
Со триење отстрани нечистотија. Му го истри грбот додека се бањаше.
истриже | св.
Ја истриже долгата, густа коса. Ги истригоа овците.