истркала | св.
Со тркалање отстрани, премести, оддалечи нешто. Го истркала празното шише под масата.
истркалка (се) | св.
истропа | св.
Тропне одненадеж и силно; стропа. Одеднаш нешто истропа и ја прекина тишината.
истроши | св.
Потроши до крај. Ги истрошија резервите.
истрпи | св.
Издржи до крај, поднесе нешто. Едвај истрпи да не се замеша во кавгата. Мораше да ги истрпи прекорите.
истрпнатост | ж.
Состојба на тој што е истрпнат. Некаков трнлив сон како од истрпнатост ја скокотка.
истрпне | св.
Почувствува трпки по телото. Истрпна од страв.
иструе | св.
Отруе во голем број или сите. Некој ги иструл кученцата.
иструже | св.
Истружи ја само едната страна од штицата.
иструпи | св.
Исече дрва во трупци. До пладне ќе го иструпат дабот.