истрча | св.

Помине определено растојание со трчање. Истрча пет километри без да застане.

истум | прил.

истумба | св.

Преврти нешто наопаку. Го истумба столот и самиот падна со него.

истуреност | ж.

Состојба на тоа што е истурено на напред. Истуреноста на балконите изгледа преубаво.

истури | св.

Излее, исипе течност од некаде. Одеднаш рипна од столот и ја истури чашата.

истурка | св.

Со туркање помести или отстрани некого, нешто. Ме истуркаа од редот. Ја истуркаа колата од гаража.

истурчи | св.

Потурчи повеќемина. Цели села истурчија.

истутка | св.

Со туткање направи нешто да биде нерамно, згмечено, собрано. Го истутка здолништето.

истуфка се | св.

Се изжали, испушти извици на туфкање; (се). Се истуфка зашто ја заборави чантата.