истуши се | св.
Остане без воздух, се испразни. Топката се истушила.
истушира (се) | св.
исука | св.
исуче | св.
Со сучење растегне кори за пита и други сукани јадења.
исуши | св.
Направи нешто да биде суво. Овој крем ми ја исуши кожата. Ја исуши косата со фен.
исфабрикува | св.
Направи на фабрички начин, во големо количество, сериски.
исфати | св.
Фати повеќемина или улови во голем број. Ги исфатиле осомничените. Што риба исфативме, не можевме да ја донесеме дома!
исфаќа | св.
исфидани | св.
Пушти фидан/фиданка. Исфиданиле млади фиданки.
исфлека | св.
Направи флеки на нешто, извалка. Го истури кафето и го исфлека чаршафот.