исфорсира | св.
Засили, забрза некоја работа. Ќе ја исфорсираме работата и ќе завршиме наредната недела.
исфорсиран | прид.
Што е изнасилен, што е неприроден. Исфорсирана смеа.
исфраска | св.
Фрасне некого повеќепати или фрасне повеќемина. Му ги исфраска рацете со прачката.
исфрка | св.
Фркне, удри (со прачка и сл.) повеќепати.
исфрли | св.
Фрли нешто ненужно, искористено. Го исфрли ѓубрето.
исфучи | св.
Ветерот исфучи во оџакот.
исход | м.
Резултат, последица од нешто. Позитивниот исход е резултат на добро планирање и доследно спроведување на планот. Исходот на дискусијата сè уште е неизвесен.
исходиште | ср.
Појдовна точка, место или состојба од каде што се поаѓа. Анализата може да се започне од неколку исходишта.
исходиштен | прид.
Што се однесува на исходиште. Исходишна линија.
исхрана | ж.
хранење. Овие печурки не се употребуваат за исхрана на луѓето.