исчува | св.
Дочува нешто до крај. Ја исчува тајната и никој никогаш не ја дозна вистината.
исчуди се | св.
Се зачуди многу, покаже изненадување, неверување, несфаќање. Тој се исчуди и не веруваше во тоа што го гледа.
исчука | св.
Заврши со чукање. Ја исчукаа 'ржта. Го исчука оревот.
исчукан | прид.
Што е збудален, ненормален.
исчури | св.
исчурулика | св.
Испушти звук на чуруликање.
исчуручи се | св.
Стане чурук, лош, злобен, се расипе. По враќањето од војска, тој сосоема се исчуручи.
исшепоти | св.
Каже нешто со шепотење. Таа му исшепоти нешто на уво и исчезна.
исшета | св.
Помине низ повеќе места. Исшета повеќе земји со танцувачката група. Ги исшетавме гостите по градот.
исшие | св.
Сошие повеќе нешта. За еден час ги исши фустанчињата за девојчињата.