излет | м.
Кратко патување во природа поради одмор или забава; екскурзија. Првомајски излет. Неделен излет.
излета | св.
За птица, инсект што лета ‒ летне надвор од нешто. Врапчињата излетаа од гнездото. Мува излета од тенџерето во коешто беше месото.
излетне | св.
Летне наеднаш, со едно движење. Ќе излетне од радост.
излетник | м.
Тој што оди на излет, тој што е на излет.
излечи | св.
излечив | прид.
Што може да се излечи (многу често негирано). Неизлечива болест.
излив | м.
а) Ненадејно изливање на течност од местото каде што била претходно. Ненадејниот излив на реките од речните корита доведе до поплави на полињата под житни култури. б) Нагло изливање на секрет или друга течност на жив организам, крв, жолчка и сл. Излив на крв во мозокот.
излива (се) | несв.
излигави | св.
Направи да биде лигав, валкан од лиги. Детето го излигавило чоколадото и го оставило.
излие (се) | св.