изметок | м.
измет2. Предвреме родено дете или младо од животно.
измеша | св.
Со мешање добие смеса; меша Измешај ги јајцата и шеќерот.
измешан | прид.
Што настанал со мешање, како резултат на мешање. Измешани состојки. Измешани работи.
измеќар | м.
Лице што заработува служејќи други луѓе; слуга. На Ѓурѓовден глави двајца измеќари.
измеќари | несв.
Служи како измеќар; слугува. Измеќарувал за еден кат горни руби од козинав шајак.
измие | св.
Со вода отстрани нечистотија од нешто (раце, лице, садови). Си ги изми рацете. Сестрата го изми болниот со млака вода. Девојчето ги изми садовите. Дождот ги изми улиците.
измилува | св.
Изгали некого во голема мера;
измине | св.
Помине одредено растојание, пат, дел од пат. Бригадата измина голем дел од патот.
Измир | м.
Град во Турција.
измисли | св.
Открие, создаде нешто ново; пронајде. Џејмс Ват ја измисли парната локомотива. Група научници измислија нова вакцина против оваа болест.