изнервира | св.

Таа го изнервира.

изнесе | св.

Носејќи извади нешто надвор или од некаде. Таа ја изнесе софрата под тремот.

изниже | св.

Заврши со нижење, наниже сè до крај. Го изнижавме тутунот многу рано.

изникне | св.

Никне целосно, до крај;

изниша | св.

Ниша многу, доволно. Го изниша детето на нишалката врзана за крушата во дворот.

изнијансира | св.

Направи да биде, да се покаже во повеќе нијанси. Ја изнијансира сликата до најситните детали.

изнијансиран | прид.

Што е во повеќе нијанси. Убаво изнијансирани бои. Изнијансиран уметнички израз.

изноктен | прид.

Што е тукушто изработено, со крајни напори, со голем труд. Нова изноктена облека.

изнокти | св.

Направи со крајни напори, со голем труд. Едвај изнокти пари да го врати долгот.

износ | м.

Количина на финансиски средства, сума пари. На кој износ да го напишеме чекот? Наградата беше во износ од 100.000 денари.