изостава | несв.
Испушта, остава, не зема предвид. Ги изоставаше тешките задачи, ги решаваше само тие што ги знаеше.
изостави | св.
Остави, испушти. Тој го изостави тој дел од текстот. Прашањето за куќата го изоставив, не напишав ништо за тоа во писмото.
изостане | св.
Не дојде каде што треба да дојде, не присуствува на нешто, негде. Изостана од часови поради болест.
изостанок | м.
Отсуствување од некаков настан, од некакво случување, од нешто каде што требало да се присуствува. Неоправдани изостаноци.
изострен | прид.
Што е наострен со некаква алатка. Изострен молив. Изострен нож.
изостри | св.
Направи нешто да биде остро, наостри во голема мера; остри. Ги изостри моливите со острилка. Ковачот го изостри ножот за неколку минути.
изотвори | св.
Отвори сè што е за отворање. Ги изотвори сите пенџериња. Ги изотвори сите шишиња.
изотерма | ж.
Црти што на географска карта ги спојуваат местата со иста температура.
изотермичен | прид.
Што има еднаква или постојана температура.
изотермички | прид.
Што се однесува на изотерма.