изразбега се | св.

Побегне на разни страни, во голем број. Сите се изразбегале кога се појавил падарот.

изразболи | св.

Направи да се разболи некој или повеќемина. Ги изразболеа децата по овој дожд.

изразбуди | св.

Направи некој или повеќемина да се разбудат од спиење. Таа ги изразбуди децата викајќи.

изразвика се | св.

Се развика многу, наеднаш. Тој се изразвика по децата.

изразгледа | св.

Разгледа добро, сè до крај. Ги изразгледавме сите дуќани. Го изразгледа набрзина местото.

израздели | св.

Раздели на сите, толку колку што има за делење. Жената го израздели лебот на децата седнати околу огнот.

изразен | прид.

Што силно, јасно дава некаков одраз, нешто многу силно одразува; изразит.

изрази | св.

а) Со зборови искаже став, мислење, чувство и сл. Директорот изрази задоволство од нашиот успех во работата. б) Искаже цел, намера, желба. Тој изрази желба да го посети нашиот град. Директорот на фабриката изрази готовност да го финансира нашиот проект.

изразит | прид.

Што доаѓа до израз, што е впечатлив, наочит. Изразит лик од народните приказни.

изразител | м.

Тој што изразува нешто, преку кој се изразува некаков став, мислење, чувство и сл. Тој е изразител на најнапредните идеи на младината.