изрека | ж.
Реченица или низа од зборови со која нешто се изрекува, се соопштува, се јавува. Него го копкаше таа изрека на детето за чудните сенки на крајот од селото.
изренда | св.
Со рендање издроби, обработи нешто. Готвачката ги изренда морковите за супа. Мајсторот ги изренда штиците со дрводелското ренде од едната страна.
изреси | св.
Направи реси на нешто. Ткајачката ги изреси чергите од едната страна и ги подврза во форма на реси.
изретчи | св.
Направи да биде ретко, проретчено. Градинарите го изретчија расадот. Дождот ги изретчи минувачите.
изрече | св.
Искаже, изрази со зборови, изговори, рече: збор, мисла, исказ. Тој изрече најнавредливи зборови за својот татко.
изречен | прид.
Што е искажано, изречено. Гласно изречен прекор.
изречлив | прид.
Што може да се изрече, да се искаже (често во негирана форма). Чувствуваше неизречлива болка.
изречно | прил.
Кажано јасно, недвосмислено, без можност за двоумење. Тој изречно кажа како да се постапи во вакви ситуации.
изрешета | св.
Направи нешто да биде како решето, обично со истрели од огнено оружје. Војниците ги изрешетаа бегалците.
из'ржи | св.
За животно ‒ се огласи со 'ржење. Кучето из'ржи на непознатиот.