израсне | св.
Никнувајќи на некаква почва (основа), се појави надвор од неа, изникне и почне да расте и да се развива во целиот свој раст. а) За растение. На патеката израснала трева. б) За друго што расте. На детето му израснаа првите заби.
израсплаче | св.
Расплаче повеќемина одеднаш, сите што се присутни; Ги израсплака децата.
израсте | св.
израсток | м.
Тоа што израснало на нешто (на човечко или животинско тело, на дрво и сл.) По рацете имаше чудни мали израстоци.
изреди | св.
Направи нешто едноподруго: а) Посети, оди од едно до друго место едно подруго. Во недела стариот ги изреди сите комшии и роднини. б) Каже, наброи нешто едноподруго. Ученикот ги изреди имињата на сите планети од Сончевиот систем. в) Почести, понуди со ред, едноподруго. Невестата ги изреди сите гости со по една ракија.
изреже | св.
Со режење, исече нешто до крај, целосно. Децата ги изрежаа нацртаните букви.
изрез | м.
Место каде што е нешто изрежано. На рабушот се прави кос изрез за да се значи 100 снопа. На стеблото имаше длабок изрез од секира.
изрезбари | св.
Изработи или украси нешто со резбање. Мајсторот изрезбари кутија за накит.
изрезили | св.
Резили некого, посрамоти пред други луѓе. Мајсторот го изрезили калфата пред муштериите.
изрезок | м.
Тоа што ќе се изреже од нешто. Изрезоците од шарена хартија децата ги лепеа во блокчињата.