имиграција | ж.
Вселување, доселување во друга земја заради подолг или постојан престој.
имигрира | св. и несв.
Се досели, се доселува во туѓа земја;
имитатор | м.
Тој што имитира, што умее да имитира, да подражава некого или нешто.
имитација | ж.
Дело создадено спрема некој образец со подражавање на некого или нешто.
имитира | несв.
Подражава, прави нешто според даден пример, по образец на некој друг. Тој вешто ги имитира чудесните потези на Пикасо.
имиџ | м.
Претстава што ја создава за себе во јавноста некоја личност, група, институција итн.; углед, репутација.
имобилен | прид.
Неподвижен, постојан, здрвен.
имобилизам | м.
Неподвижност, неактивност.
имобилизација | ж.
Ставање подлога, гипс, завој и сл. на рака, нога или друг дел од телото при повреда, скршување.
имобилизира | св. и несв.
Направи, прави да биде нешто неподвижно.