ковачница | ж.
Просторија, работилница во која се кове метал.
ковачов | прид.
Што припаѓа на ковач.
кове | несв.
Удира со чекан врз усвитено парче метал, за да му даде определена форма или за да изработи некаков предмет. Ковачот го ковеше железото со тешкиот чекан.
коверт | м.
Хартиена обвивка во која се испраќа писмо; плик. Со ситен ракопис ја напиша адресата на ковертот.
ковертира | св. и несв.
Стави, става во коверт (писмо, документ и сл.). Го ковертира писмото и му го предаде на курирот.
ковил | м.
Растение со долги и меки иглички на класјето; Stipa pennata.
ковина | ж.
Хемиска материја што може да се лее и кове и што е добар спроводник на топлина и на електрицитет; метал. Златна ковина. Бакарна ковина.
ковне | св.
ковче | ср.
ковчег | м.
Дрвен сандак со капак во кој се чува облека, различни скапоцености и сл. Во дното на собичката, стоеше нејзиниот невестински ковчег.