лака | ж.

Влажно место покрај река со добро пасиште, ливада покрај река. Цветна лака.

лакати | несв.

Врти, свртува во лакови (за река, пат и сл.)

лакатник | м.

Дел од резе свиткан во форма на лак.

лакерда | ж.

Примитивен безрбетник без вилица, надворешно сличен на јагула; Petromyzon marinus.

лакеј | м.

Униформиран слуга во богати, отмени кругови. Лакејот ја отвори вратата.

лакејство | ср.

Служба, занимање на лакеј.

лакира | св. и несв.

Намачка, мачка нешто со лак. Таа ги лакира ноктите. Вчера ги лакиравме вратите и прозорците.

лакиран | прид.

Што е премачкан со лак2, што содржи лак2. Лакиран паркет.

лакмус | м.

а) (бот.) Вид лишај; Rocella tinctoria. б) (хем.) Боја добиена од тој лишај.

лакмусов | прид.

Што се однесува на лакмус. Лакмусова хартија.