лајт-шоу | ср.
Осветлување во разни бои на концерти и во дискотеки што постојано трепери според ритамот на музиката и придонесува за повесела атмосфера.
лајца | ж.
лајчарник | м.
лак 1 | м.
(мат.) Дел од кружна или од друга крива линија меѓу две точки. На небото се појави шарениот лак на виножитото. Лакот на арката е премногу ниско поставен.
лак 2 | м.
Течна, густа материја во различни бои, добиена од природна или вештачка смола, што се мачка на предметите во тенок слој, им дава сјај и ги заштитува. Лак за дрво.
лака | ж.
Влажно место покрај река со добро пасиште, ливада покрај река. Цветна лака.
лакати | несв.
Врти, свртува во лакови (за река, пат и сл.)
лакатник | м.
Дел од резе свиткан во форма на лак.
лакеј | м.
Униформиран слуга во богати, отмени кругови. Лакејот ја отвори вратата.
лакејство | ср.
Служба, занимање на лакеј.