лаконизам | м.
Кратко и јасно изразување на мислите.
лаконски | прид.
Што е краток и јасен, што со малку зборови ја кажува суштината. Лаконска изјава.
лакот | м.
(анат.) Дел од раката, зглоб што ги поврзува подлактицата и надлактицата. Ги засука ракавите над лакти и се фати за работа.
лакотен | прид.
Што се однесува на лакот. Лакотна коска. Лакотен зглоб.
лакрдија | ж.
(арх.) Збор, разговор. Две-три лакрдии. Здодевна ми е оваа лакрдија.
лакрдијаш | м.
лакрдијаштво | ср.
Особина на лакрдијаш. Неоригинално лакрдијаштво.
лаксатив | м.
Средство за прочистување на цревата.
лаксативен | прид.
Што придонесува за брзо празнење на цревата. Лаксативни средства.
лакт | м.
лакот.