лактација | ж.
Создавање и излачување на млекото од млечните жлезди кај цицачите во периодот на доење.
лакти се | несв.
Се пробива, си прави пат на груб начин (удирајќи со лактите).
лактиште | ср.
Еден од шесте делови од дрвениот круг на тркалото.
лактоза | ж.
Млечен шеќер, составен дел на млекото на цицачите.
лактометар | м.
Направа за мерење на масленоста на млекото, т. е. за определување на квалитетот.
лале | ср.
Вид цвеќе со долго стебло, долги и широки листови и со цвет како чашка кој може да биде во различни бои (жолта, црвена, розова, шарена); Tulipa. Лалињата беа веќе расцветани.
лама 1 | ж.
Јужноамериканско домашно товарно животно од родот на камилите што се одгледува и заради млекото, волната и месото; Lama glama.
лама 2 | м.
Поглавар на тибетски манастир; тибетски и будистички калуѓер.
ламаизам | м.
Тибетска гранка на будизмот.
ламарина | ж.
Тенко извалан метал во плочи или во ленти, листови од метал; 'Рѓосана ламарина. Санка од ламарина.