ламаринен | прид.
Што е од ламарина. Ламаринен покрив. Ламаринен оклоп. Ламаринено корито.
ламба | ж.
Направа за осветлување, со фитил и петролеј. Газиена ламба. Столна ламба. Електрична ламба.
ламбада 1 | ж.
Факел, запалено парче борина, дрво или нешто слично натопено во течност, обично смола што гори со силен пламен. Во рацете држеле ламбади.
ламбада 2 | ж.
Вид латиноамерикански танц.
ламбен | прид.
Што се однесува на ламба. Ламбено стакло. Трепетлива ламбена светлина.
ламе | ср.
Вид ткаенина проткаена со светликави конци. Носеше фустан од ламе.
ламела | ж.
Тенка метална плочка. Бакарни ламели.
ламеларен | прид.
Што е составен од слоеви, што се однесува на ламела. Ламеларна структура.
ламентација | ж.
Тагување, оплакување.
ламентира | несв.
Оплакува, тагува.