ламтежлив | прид.
Што ламти.
ламти | несв.
Силно посакува, копнее по нешто.
ламја | ж.
Митолошко чудовиште со крилја, честопати со повеќе глави и опашки што фрла оган од устата; ала, змеј. Јунакот ја затвори ламјата во ковчегот. Ниту еден јунак не успеал да ја убие ламјата.
ламња | ж.
лангида | ж.
Вид тестенина слична на дебела палачинка.
Лангобард | м.
Припадник на древно германско племе.
ландон | м.
Запрежна кола со четири седишта за патници и со покрив на расклопување; Ландонот се изгуби зад свијокот.
ланец | м.
лани | прил.
Минатата година. Лани се преселивме во друг стан.
ланолин | м.
Масна материја што се добива од овча волна, а се употребува за изработка на козметички производи и на лековити масти.