лансер | м.
Цевка од која се лансираат торпеда.
лансира | св. и несв.
Исфрли, исфрла нешто, пушти, пушта нешто да се движи. Ја лансираа ракетата. Бродот ги лансира торпедата.
лансирен | прид.
Што служи за лансирање. Лансирна рампа. Лансирен уред.
ланче | ср.
Дем. од ланец.
Лаос | м.
Држава во Јужна Азија.
лапа 1 | ж.
Каша од нешто.
лапа 2 | ж.
лапа | несв.
Лакомо јаде. Лапаше како да не јадел една недела.
лапавица | ж.
Вид снежен врнеж, снег помешан со дожд, мокар снег. Синоќа врнеше лапавица.
лапавичав | прид.
Што има лапавица. Лапавичав ден.