лапало | ср.
лапарда | ж.
Вид факел направен од краток стап на кој е врзано сено или слама, во кои се става жар и со мавтање се распалува.
лапач | м.
Тој што јаде лакомо, што лапа.
лапачка | ж.
(пејор.) Жена што јаде лакомо, што лапа.
лапање | ср.
(само едн.) Глаголска именка од лапа.
лапе | ср.
Погрден назив за момче; глупчо. Не ти зборувам тебе, лапе едно!
лапидарен | прид.
Што е кус, збиен, концизен. Лапидарен израз. Лапидарен стил.
лапидариум | м.
Збирка камени споменици со историска или уметничка вредност.
лапис | м.
(книж.) камен.
лапка | несв.