ластар | м.
Млада гранка на винова лоза. Лозата пушташе нови ластари.
ластарест | прид.
Што е како ластар; што е слаб и висок. Ластареста девојка.
ластари | несв.
Пушта ластари. Лозата ластари.
ластарка | ж.
ластегарка | ж.
Прачка, гранка.
ластик 1 | м.
а) Растеглива лента или ткаенина изработена од гумени и текстилни нишки. Џемпер со ластици на ракавите. Носеше тесни, ластик‒пантолони. б) Игра со растеглива лента преку која се прскокнува.
ластик | м.
Удар по главата со затегнување и отпуштање на прстите. Биди мирен, да не добиеш некој ластик.
ластовица | ж.
Преселна птица со чаталеста опашка и зашилени крилја, црна со бел преден дел; Hirundinidae. Ластовиците направија гнездо под нашата стреа.
ластовичин | прид.
Што ѝ припаѓа на ластовица, што се однесува на ластовица. Ластовичино гнездо. Ластовичина песна.
ластунка | ж.
Издолжено стебло на растение што лази (лубеница, диња, тиква и сл.).