ласцивен | прид.
Што е похотен, развратен. Ласцивни желби. Ласцивна приказна.
латвица | ж.
Земјен сад, грне со рачка од горе или ќуп со широко грло. Ја стави пред него латвицата со гравот.
латентен | прид.
Што не се гледа, што е прикриен, таен. Латентна опасност. Латентна мисла.
латерален | прид.
Што е страничен, бочен. Латерална позиција.
Латин | м.
Припадник на древно италско племе, рани жители на Рим.
латинизам | м.
Збор или израз што потекнува од латинскиот јазик.
латинист | м.
Специјалист по латински јазик, книжевност и култура.
латиница | ж.
Општ назив за латинското писмо во сите негови варијанти.
латиничен | прид.
Што се однесува на латиница. Латинично писмо. Латинични букви.
Латинска Америка | ж.
Име што ги означува државите од американскиот континент со шпански, односно португалски говорен јазик: Мексико, Средна и Јужна Америка.