латинче | ср.
Вид декоративно растение, со жолти крупни цветови и широки листови; Tropaeolum majus.
латифундија | ж.
Голем земјиштен имот, спахилак.
латица | ж.
Парче ткаенина со кое се закрпува скината облека, Му соши латици на колената.
латка | ж.
лаур | м.
Тој што е лаком;
лауреат | м.
Поет награден со лаворов венец. Годинешниот лауреат одржа говор.
лаута | ж.
Жичен музички инструмент со форма на круша, особено карактеристичен за античкиот период и за средниот век.
лаутчија | м.
Тој што свири на лаута.
лаф | м.
збор.
лафет | м.
Основа на која се поставува и се прицврстува артилериско оружје.