Латин | м.

Припадник на древно италско племе, рани жители на Рим.

латинизам | м.

Збор или израз што потекнува од латинскиот јазик.

латинист | м.

Специјалист по латински јазик, книжевност и култура.

латиница | ж.

Општ назив за латинското писмо во сите негови варијанти.

латиничен | прид.

Што се однесува на латиница. Латинично писмо. Латинични букви.

Латинска Америка | ж.

Име што ги означува државите од американскиот континент со шпански, односно португалски говорен јазик: Мексико, Средна и Јужна Америка.

латинче | ср.

Вид декоративно растение, со жолти крупни цветови и широки листови; Tropaeolum majus.

латифундија | ж.

Голем земјиштен имот, спахилак.

латица | ж.

Парче ткаенина со кое се закрпува скината облека, Му соши латици на колената.