лајтмотив | м.

Основен мотив што се повторува во музичко дело, тема.

лајтнант | м.

Офицерски чин;

лајт-шоу | ср.

Осветлување во разни бои на концерти и во дискотеки што постојано трепери според ритамот на музиката и придонесува за повесела атмосфера.

ле | чест.

За засилување на исказот при обраќање или при повикување. Тинке ле, млада невесто! Мајко ле, моја мајчице! Горо ле, горо зелена!

леа | ж.

Мала, изделена површина добро обработена земја во градина (цветна или зеленчукова) во која се сее или се сади. Леа со лалиња 2. Ред, трап на обработена земја во кој се сади семе или расад. Зад куќата најде само една леа со зелки. Леи со тутунов расад.

леан | прид.

Што е добиен со леење. Леано железо.

леар | м.

Тој што работи во леарница, тој што лее. Во војната работеше како леар на бомби.