лавира 1 | св. и несв.
(спорт.) Едри спроти ветрот заобиколувајќи пречки.
лавиринт | м.
Сложена градба, непрегледно место со многу испреплетени ходници или улички, во кои е тешко за ориентација и тешко се доаѓа до излезот. Скиташе низ лавиринтот од улички.
лавица | ж.
Женка на лавот.
лавка | несв.
Кучето лавкаше меѓу дабјето.
лавне | св.
Кучето лавна и се повлече.
Лавов | м.
Град во Украина.
лавовски | прид.
Што припаѓа, што се однесува на лав и лавица. Лавовска грива. Лавовска храброст.
лавор | м.
Вечно зелено дрво со белозелени мирисливи листови (што се употребуваат како зачин) и со црни зрнести плодови; ловор, лорбер, дафина; Laurus nobilis.
лаворов | прид.
Што се однесува на лавор, што е од лавор. Лаворов венец
лавра | ж.
Поголем православен манастир.