лавра | ж.

Поголем православен манастир.

лавроносец | м.

Тој што е награден, што е овенчан со лавров венец; Тој е овогодишниот лавроносец.

лавски | прид.

лавче | ср.

Дем. од лав.

лаг | м.

Мала шумичка. Срната избега во лагот.

лага | ж.

Исказ што не е вистинит, што не е точен. Сè што кажа беше лага. Лаги и измислици овојпат не те спасуваат.

лагачки | прид.

лагер 1 | м.

Машински дел во кој се врти крајот на оската во определена положба;

лагер 2 | м.

Склад, магацин.