легализација | и.

Постапка со која нешто се признава за легално; Ова е последна можност за легализација на дивоградбите.

легализира | св. и несв.

Направи, прави нешто да биде легално; озаконува. Тој ја легализира својата продавница.

легало | ср.

а) Место каде што пладнува летно време стока, најчесто овци и говеда. б) Место каде што лежат животни. в) Гнездо, седело.

легат | м.

(истор.) Пратеник кај старите Римјани.

легач | м.

Тој што е мрзлив, безделник. Сите сте легачи и арамолепци!

легачи | несв.

Безделничи, лежи по цел ден.

легенда | ж.

Предание за животот на некој човек или за необичен настан.

легендарен | прид.

Што е опишуван во легенди. Легендарен јунак.

легина | несв.