легионер | м.
(истор.) Војник во староримска легија.
легитимација | ж.
Документ со кој се докажува идентитетот на лицето; лична карта. Патна легитимација. Фалсификувана легитимација.
легитимен | прид.
Што е во согласност со законот, законски, законит. Легитимен претставник.
легитимира | св. и несв.
Изврши, извршува проверка на нечија легитимација. Полицаецот го легитимира возачот.
легитимитет | м.
легија | ж.
(истор.) Поголема воена единица кај старите Римјани. Оттука врвеле римските легии.
легло | ср.
Постела, легало 2. Цела недела остана во леглото.
легне | св.
Се испружи на земја, на кревет и сл. Легна под сенката за да се одмори. Легна на грб за да ги исправи коските.
легнувачка | ж.
легура | ж.
Материја, смеса од два или повеќе метали, која се добива најчесто со топење. Оловни легури. Легура на калај со цинк.