лековник | м.

Стар ракопис, стара книга со народни лекови. Ракописот содржи разни изреки, поуки и лековник.

лекокрил | прид.

Што лета без напор, со леснина во крилата; Лекокрила птица.

лекомислен | прид.

Што лесно, непромислено прима сè, што е површен, несериозен, наивен, подводлив; Лекомислено однесување.

лекоумен | прид.

Што не размислува многу; Лекоумни деца.

лексема | ж.

Лексичка единица, збор како составна единица на речникот на еден јазик. Овие лексеми се синонимни и се употребуваат паралелно.

лексика | ж.

Зборовен фонд, речнички состав на еден јазик, дијалект, на делата на некој писател или речнички слој изделен по некоја особеност (по потеклото, стилистичкото обележје и сл.). Интернационална лексика. Неутрална лексика. Терминолошка лексика.

лексикограф | м.

Лице што се занимава со лексикографија.

лексикографија | ж.

Дел од науката за јазикот што се занимава со теоријата и практиката на составувањето речници, лексикони, енциклопедии.