лезет | м.

Што лезет ќе биде вечерва! Полека, со лезет, го пиеше кафето.

лек 1 | м.

Материја во форма на таблета, сируп, инјекција, маст и сл. што се користи за спречување и за совладување на определена болест. Лекарот му пропиша нови лекови. Лек за скршено срце. Лек против кашлање.

лек 2 | м.

Парична единица во Република Албанија.

лек | прид.

лекар | м.

Специјалист по медицина. Општ лекар. Матичен лекар. Ветеринарен лекар.

лекарство | ср.

Лековито средство.

лекичок | прид.

лекне | св.

Стане лесно, полесно некому;

лековерен | прид.

Што лесно верува во сè, што е наивен; Лековерни луѓе.

лековит | прид.

Што има својство да лекува, што има својство да исцелува, да оздравува. Лековити билки. Лековита вода.