лексикографски | прид.
Што се однесува на лексикограф и на лексикографија. Лексикографска дејност.
лексиколог | м.
Специјалист по лексикологија.
лексикологија | ж.
Дел од науката за јазикот што ја проучува лексиката, речничкиот состав на јазикот.
лексиколошки | прид.
Што се однесува на лексиколог и на лексикологија.
лексикон | м.
Вид речник во кој по азбучен ред се објаснуваат разни поими, најчесто специјализиран за определена област.
лектира | ж.
Одбрана литература што треба да се прочита за определен период. Неговите дела се незаменлива лектира за милиони читатели. Наставната програма предвидува и домашна и странска лектира.
лектирен | прид.
Што се однесува на лектира, што е лектира. Лектирно издание.
лектор | м.
Наставник по практично учење јазик, обично странски, во високообразовна школа.
лекторат | м.
Наставна дејност во практичното учење на некој јазик како странски во рамките на наставата на универзитет, висока школа. Лекторат по македонски јазик.
лекторира | св. и несв.
Направи, прави лектура.