лектура | ж.

Читање и исправање јазични грешки, јазично уредување на авторски текст.

лекува | несв.

Совладува некоја болест или некоја повреда. Лекарот што го лекува е најдобар во својата област. Старицата знаеше да лекува со тревки.

лекувач | м.

Тој што лекува, а не е лекар, народен лекар. Побара лек од селскиот лекувач.

лекум | прил.

Полека, со лесно, на лесен начин.

лекција | ж.

а) Усно излагање на наставник; предавање. Држи лекции по биологија. б) Целина од материјалот што се предава на еден училиштен час; наставна единица. Денешната лекција по историја беше интересна. Треба да повториш уште две лекции.

леле! | изв.

За изразување болка, страв. Леле, ја скрши ногата!

лелеав | прид.

Што се лелее. Лелеава завеса. Лелеаво здолниште.

лелее | несв.

Ниша, лула. Во таа лулка таа го лелеела својот син.

лелек | м.

Извик што изразува болка, тага. Се слушаа придушени лелеци. Смеата се претвори во лелек.

лелека | несв.

Плаче на глас, испуштајќи лелеци. Лелекаше и си ја кубеше косата.