лагер 2 | м.
Склад, магацин.
лагум | м.
Поткоп, прокоп под земја, подземен ходник.
лагуна | ж.
Плиток, крајбрежен дел од морето, целосно или делумно одделен со песочен нанос.
лад | м.
Дебела сенка или место каде што не се чувствува летната жештина. Седеше во ладот подалеку од другите и размислуваше.
ладало | ср.
Предмет на расклопување што служи за ладење; Во едната рака држеше ладало, а во другата чадорче за сонце.
ладен | прид.
Што има ниска температура, но не е премногу студен; топол. Ладна зима. Ладно утро. Ладно време. Ладна вода.
лади | несв.
Снижува температура на нешто. Ја лади лубеницата во реката. Ветерот нè ладеше додека се печевме на жешкото сонце.
ладилник | м.
Апарат за домаќинство што служи за чување храна на определени ниски температури; фрижидер. Ладилникот беше празен.
ладнее | несв.
Станува сè поладен. Рацете му ладнееја.
ладникав | прид.
Што не е многу ладен. Ладникав дожд.