лепенка | ж.

Парче од некаков материјал што се лепи на нешто. На гумата од велосипедот немаше повеќе место за лепенки.

лепешка | ж.

Измет од говедо. Говедска лепешка.

лепешкар | м.

(разг.) Вид бумбар.

лепи | несв.

Спојува, поврзува нешто со лепило. Досега три пати ја лепеше истата гума од автомобилот.

лепило | ср.

Густа материја што има својство да лепи. Лепило за дрво. Лепило за хартија.

лепиња | ж.

Вид тркалезен мек леб. Ја наполни лепињата со ќебапи и загриза.

лепкав | прид.

леплив | прид.

Што се лепи, со што може да се лепи. Леплива пајажина. На подот баше разлеана леплива течност.