Ленинград | м.
Поранешно име на Санкт Петербург од периодот на СССР.
лениште | ср.
Нивје посеани со лен.
лента | ж.
Долго и релативно тесно парче од хартија, платно или од друг материјал, различно обработено според намената. На свеченото отворање претседателот ја пресече лентата. Од разнобојните ленти таа направи панделки. Лента за машина за пишување.
леопард | м.
Големо диво животно од фамилијата мачки со жолтеникаво или сивкаво крзно со црни точки; Panthera pardus.
леопардов | прид.
Што е од леопард, што се однесува на леопард.
лепавец | м.
Вид трева со форма на житен клас што се лепи за облека, лепка; Alopecurus agrestis.
лепавица | ж.
Влажен снег што се лепи за чевлите и облеката.
лепеза | ж.
Предмет на расклопување што служи за ладење; ладало.
лепезест | прид.
Што има форма на лепеза. Паунот ја отвори својата лепезеста опашка.
Лепенец | м.
Река во Македонија.